Трагедија во Тетово: Се самоуби 12 годишно момче
Дванаесетгодишно момче од тетовското село Требош денеска околу пладне со бесење си го одзело животот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовси.
Телото на момчето го пронашол неговиот чичко, обесено со најлонска врвца за балирање на гранка од дрво, во висина од два метри. Момчето веднаш било префрлено во Клиничката болница-Тетово, каде лекарите ја констатирале неговата смрт.
- Полицијата со истражен судија, јавен обвинител и лекар по судска медицина извршиле увид и бидејќи на телото не биле утврдени други траги на насилство нема да се врши обдукција. Телото е предадено на семјството за погребување, рече Јосифовски.
Во разговорите со полицијата, најблиските на починатото момче изјавиле дека тоа претходно не покажувало никакви самоубиствени индиции.
Ова е второ самоубиство со бесење во Тетовско-гостиварското подрачје оваа недела, по самоубиството во средата, на жител на гостиварското село Дебреше. Самоубиството на 12-годишното момче е вкупно четврто за нецел месец, откако претходно уште две лица со давење, едното во реката Пена во Тетово и другото во Вардар во Гостивар си ги одзедоа животите.