Анти допинг контрола влета во ракометните тимови на Вардар и Металург

 

Во текот на изминатите два дена, Националната анти допинг - комисијата изврши ненајавена допинг контрола врз играчи во сениорските состави на нашите најелитни ракометни клубови Металург и Вардар (мажи и жени) преку земање примерок од урина, меѓу кои на допинг тестирање беа подложени и поединци кои настапуваат во рамки на националниот машки и женски сениорски ракометен тим. Примероците веќе се испратени на анализа во референтната лабораторија на ВАДА во Австрија. Резултатите од анализите ќе и бидат соопштени на јавноста штом лабораторијата ќе ги достави до Агенцијата за млади и спорт и Комисијата.

Ги охрабрувам сите повикани страни: националните спортски федерации, МОК, спортските клубови, самите спортисти, тренери, медицински лица и останати повикани институции да се вклучат во борбата за достигнување на една од најголемите спортски вредности – а тоа е – постоењето „ЧИСТ СПОРТ“ - изјави директорот на АМС, Александар Пујовски

29.11.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега