Нов проект на МВР - ќе се стави крај на средношколските пресметки

 

Македонското министерство за внатрешни работи со низа проекти ќе стави крај на инцидентите кои ги потресоа Скопјани. Се работи за мноштво едукативно-превентивни работилници посеветени не само на феноменологијата на насилството туку и за конретните законски последици од ова девијантно однесување.  

Како што информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, овој проект е поддржан од мисијата на ОБСе во Македонија, а со него ќе бидат опфатени сите средношколци.

- “Нашиот избор, односот што го градиме, како и посветеност во превентивната работа со малолетничката популација беа и се на самиот врв на тие приоритети“, изјави Јанкулоска и додаде дека МВР во своето превентивно дејствување секогаш се водело и од актуелните проблеми и состојби, но не го занемарувало и планското, континуирано секојдневно ангажирање на полициските служби.

- “Затоа кога говориме за безбедноста на малолетниците, за превенцијата од насилство, дозволете ми да ве потсетам дека само во изминативе две-три години МВР самостојно или во соработка со други институции настапи со низа конкретни проекти од кои на пример би ги издвоила “Комуникација – да, насилство – не“,  или пак проектот за безбедност во училиштата “Полицијата и учениците се дружат“, подвлече Јанкулоска.

29.11.2013 - 10:45
Фото: 
мвр

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега