„Врие" од луѓе во Техномаркет - попусти и до 80%

 

Гужва во продавниците на Техномаркет низ Македонија. Производите во сите продавници на Техномаркет од денеска ќе се продаваат за цена пониска и до 80%.

о оваа акција, која започнува од денеска, а ќе трае до понеделник, 2 декември 2013 година, компанијата му се приклучува на светски популарниот настан, Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања.

Во текот на викендот, најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, Техномаркет, за прв пат ќе им овозможи на граѓаните купување на вредни предмети за домаќинство по многу ниски цени.

Најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на која сите поголеми маркети, продавници и компании своите производи ги нудат со големи попусти, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри.

29.11.2013 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега