Студенти ќе дебатираат за дискриминација и антидискриминација на УКИМ
Трибина на тема „Студентите и академската заедница против дискриминацијата-политики за антидискриминација на УКИМ“ денеска ќе се одржи на Правниот факултет „Јустинијан први“. Трибината е организирана од МОФ и коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“.
На трибината ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето, кое го направија МОФ и Коалиција. Целта на истражувањето е да се истражат облиците на дискриминација со кои се соочуваат студентите за време на своите студии, како и нивната запознаеност со поимот на дискриминација и правните акти, кои нудат заштита од оваа појава. Ќе биде промовирана и публикација, во која ќе бидат објавени резултатите добиени од истражувањето, како и компаративна анализа на правни акти и странски искуства во превенирање на дискриминацијата во високото образование.
Според најавите, свое обраќање на трибината ќе имаат продеканите на Правниот факултет и на ФИНКИ Гордана Бужаровска и Владимир Трајковиќ, Жарко Трајановски од коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници и Александра Живковиќ од МОФ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа