Младиот адвокат со месеци малтретиран - еве како се богател скопскиот рекетар

 

 23 годишниот скопјанец А.С. си заработи кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“.

Скопјанецот, во јули годинава дошол во адвокатската канцеларија на А.С. (31) од Скопје, лоцирана во центарот на градот и го побарал со намера да се видат. По кусо време, А.С. од непознат телефонски број му се јавил на адвокатот и договорил средба во кафулето „Лајк“ лоцирано во непосредна близина на ТЦ „Скопјанка, каде што А.С. под изговор дека не му завршил некоја работа каде го застапувал како адвокат му упатил сериозни закани по животот доколку на му даде 5.000 денари. Оштетениот исплашен веднаш му дал 5.000 денари, но по една недела А.С., повторно од непознат телефонски број му се јавил и договорил средба во истото кафуле, каде повторно под закана му изнудил 3.000 денари. По краток период, А.С. повторно му побарал 3.000 ден, но оштетениот не бил во градот, па преку пријател му ја пратил бараната сума.

На 20. ноември, 23 годишниот скопјанец повторно му се јавил на адвокатот, побарал да се сретнат во кафулето „Лајк“ и да му донесе 3.000 денари. Адвокатот овој пат одбил да се сретне со него, но, А.С. се збеснал и повторно успеал да изнуди пари од својата жртва. И ова не му било доволно на А.С., па на адвокатот му најавил дека за неколку дена повторно ќе му требаат 6.000 денари и доколку не му ги даде ќе ја загрози безбедноста на неговото семесјтво.

Откако полицијата дознала за случајот, стапицата за натрапникот почнала да се подготвува. 6.000 денари кои адвокатот требало да му ги даде на А.С., биле крим технички обработени.

-На 25 овој месец по претходен телефонски договор околу 09,30 часот, пријавениот се сретнал со оштетениот на ул.„Кузман Јосуфовски Питу„ бб во близина на кафулето “Лајк“ каде ги земал изнудените 6.000 денари. По преземени оперативно - тактички мерки по извршеното кривично дело А.С. е лишен од слобода и приведен во ЕНК- ОНК, каде при извршениот преглед кај него се пронајдени 6000 денари што предходно биле крим-технички обработени и со потврда за одземени предмети се одземени. Инаку, од извршените проверки А.С. не минува во казнената евиденција на СВР Скопје, а истражен судија во врска со овој случај му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, стои во полициското соопштение.

28.11.2013 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега