Јанакиески работно во Бугарија

 

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска е во работна посета на Република Бугарија, каде  ќе оствари билатерална средба  со Министерот за транспорт, информатички технологии и комуникации на Република Бугарија, г-дин Данаил Папазов.

Според најавите, главни теми на разговор на билатералната средба ќе бидат идните чекори на двете земји во однос на Пан-европскиот коридoр 8, соработката во областа на железничката инфраструктура како и други прашања од заеднички интерест за двете земји во поглед на реализација на инфраструктурни проекти.

28.11.2013 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега