Мојсоски: Исценирав повреда само за да го гледам Партизан

 

Играчот на Металург Наумче Мојсоски за српски „Мондо“ обелодени дека намерно исценирал повреда за да може да биде во можност да го гледа Партизан. 

Тој во изминатиот период се најде во центарот на вниманието и беше на мета на критики од дел од „Комитите“ по неговиот настап на трибините во салата „Пионир“ каде играа Партизан и Фенербахче. Сепак и покрај критиките Мојсоски остана цврст, а тоа го покажа на мечот со Вардар во ЛШ со своите осум погодоци.

Сепак ракометарот повторно ја разбранува јавноста во интервјуто во кое вели дека намерно пријавил повреда за да може да го гледа Партизан.   

-Секогаш кога имам прилика доаѓам да навивам за Партизан. Многу често сум во Белград. Оваа година имавме подготовки на Златибор, исценирав повреда само да дојдам во Белград, наводно на прегледи, а всушност сакав да го гледам дербито. На Златибор дојдоа да ме земат моите другари од Скопје, па сите заедно заминавме на натпреварот, вели Мојсоски за „Мондо“.

Меѓудругото нашиот ракометар вели дека не гледа ништо страшно во тоа да биде страствен навивач на Партизан.

-Новите генерации не можат да го разберат тоа. Израснав во старата држава, имав избор за кого да се определам и сметам дека е нормално да навивам за Партизан. Во Македонија има многу навивачи на Црвена Звезда, Хајдук, Партизан...Еве, на пример поголемиот дел на луѓето во Скопје навиваат за Звезда, додека Битола за „парни ваљак“. Навивачите кои се бунат не можат да разберат зошто го поддржуваме Партизан кога „Гробарите“ истакнаа транспарент „Косово е Србија – Македонија е Грција“, вели Мојсоски.

28.11.2013 - 10:29
Фото: 
rkmetalurg

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега