Премиерот Груевски го честита еврејскиот празник Ханука

 

Шефот на Владата, Никола Груевски, денеска упати честитка по повод еврејскиот празник Ханука.

- Овој значаен еврејски празник е безвременска потврда на победата на слободата и слободниот човечки дух врз насилството, тиранијата и поробувањата. Вечерва, додека припадници на Еврејската заедница ја палат првата менора одбележувајќи го почетокот на осумдневното празнување, празникот на светлината Ханука уште еднаш не потсетува на приказната која е двигател на вербата на еврејскиот народ во последните 2.000 години. Нека слободарскиот пламен кој гори овие празнични денови биде вечна светлина во животот на еврејскиот народ, но и на сите други народи желни за слобода, праведност и достоинствен живот, вели во честитката Груевски.

Премиерот на  припадниците на Еврејската заедница им посака радосни празнични денови. 

27.11.2013 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега