Детали за акцијата „Отпад": Криминална група затаила данок во вредност од 75.126.796 денари

 

Македонската полиција денеска започна голема полициска акција наречена "Отпад", во која како што веќе дозна Пресс24 се усапсени седум лица од Скопје, Велес, Охрид и Крушево за затајување на данок со што ја оштетиле државата.

Според официјалните податоци од полицијата, се работи за група составена од 14 членови, од која седум веќе се уапсени, кои се занимавале со незаконска трговија со железо и метални производи и со тоа и нанесувале штета на државата.  Поднесена е кривична пријава до А.Н.(34), поранешен основач и управител во друштвата „Николчев Компани“ ДООЕЛ и „Николчев Груп“ ДООЕЛ, Д.С.(29), поранешен содружник и управител во друштвото „Николчев Груп“ ДООЕЛ, сега основач и управител на ТП „Дасто“ 2012, С.И.(34), основач и управител на „Глобал интернешенел“ ДООЕЛ, тројцата од Скопје, Д.С.(35) од Велес, основач и управител во друштвото „Стојановски рециклинг“ ДООЕЛ, Л.Д.(35) од Велес, поранешен управител во „Глобал метал скрап“ ДООЕЛ, Д.Ш.(36) од Велес, управител во друштвото Глобал метал скрап ДООЕЛ за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночно затајување“, К.К.(33) од Охрид, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночно затајување“ во врска со „поттикнување“, Р.Т.(40) од Скопје, основач и управител на друштвата „Алучел“ ДООЕЛ и „Отпад маце“ ДООЕЛ, А.Т.(26) од Охрид, основач и управител на „Тадиќ рисајклинг“ ДООЕЛ за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ и Б.М.(35) од Крушево, основач и управител во „БМ Мамудовски“ ДООЕЛ, А.Т.(37) од Скопје, основач и управител на „Метал процес терм“ ДООЕЛ, Скопје, Ѓ.И.(35) од Скопје, основач и управител на „Маестрал плус“ ДООЕЛ, за сторени кривични дела дело „злосторничко здружување“, „даночно затајување“ во врска со „помагање“ од Охрид, основач и управител „Стилворк“ ДООЕЛ, Н.Т.(29) од Охрид, основач и управител „Стилворк“ ДООЕЛ за сторени дела „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против правното лице „Глобал метал скрап“ ДООЕЛ од Велес за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Според МВР, криминалната група од 2010 година досега затајувала данок, а организаторите на криминалната група како посредници за продажба на отпадните суровини набавени „на црно“ ги користела правните лица Стојановски рециклинг ДООЕЛ и Ника скрап ДООЕЛ кои имале склучено договор за продажба на отпадни суровини со „МАКСТИЛ“ АД.

- Во текот на 2011 година, против дел од членовите на криминалната група веќе беше поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „даночно затајување“ (случај „Ариел“) и против нив е во тек судска постапка. Покрај поднесената пријава, членовите на групата продолжиле со вршење на истите кривични дела, но го смениле начинот на делување, односно основале повеќе правни лица (Тадиќ рисајклинг, Стилворк, отпад Маце) каде што како основачи и управители во Ценралниот регистар запишале лица со низок материјален статус, а со истите фактички управувале организаторите на криминалната група, изјави портпаролот на МВР. Овие правни лица, појасни, биле користени за изготвување лажни фактури за плаќање на извршен наводен откуп на отпадно железо со преметан ДДВ кои ги насочувале кон правните лица Николчев Груп ДООЕЛ и Ника скрап ДООЕЛ. Со лажните фактури се покривал откупот на отпадно железо кое го вршела криминалната група „на црно“ за кое плаќањето се вршело во готовина надвор од платниот промет. Со плаќањето на лажните фактури на сметките на наведените правни лица се обезбедувал прилив на поголеми износи на парични средства кои се подигани како готовина и користени за набавка на нови количини на отпадни суровини од дивите собирачи надвор од платниот промет „на црно“.

Криминалната група за „наводниот“ откуп на отпадно железо од овие физички лица, информира Котески, изготвувала лажни кантарни белешки од правните лица со кои располагала.

- За извршената услуга физичките лица добивале од 500 до 1.000 денари. Поради неможноста да обезбедат доволно трансакциски сметки од физички лица членовите на криминалната група во 2012 година го формирале правното лице ТП Дасто 2012 кое го користеле за изготвување на лажни фактури со пресметан ДДВ за потребите на правното лице Глобал Метал Скрап со што му овозможувале на ова правно лице да се обезбеди со влезен ДДВ кој потоа неосновано бил пребиван со излезниот ДДВ. Воедно со плаќањето на лажните фактури на сметката на ТП Дасто 2012 пристигнувале големи приливи на парични средства, кои Далибор Стојмановски ги подигал како готовина, со што криминалната група, и покрај законските ограничувања, успевало да се стекне со поголеми износи на готовина за набавка на нови количини отпадно железо надвор од платниот промет (на црно), образложи помошник-минситерот за односи со јавност во МВР.

Котески истакна дека затаен е ДДВ во вкупен износ од 54.466.589 денари и персонален данок во вкупен износ од 20.660.137 денари, односно по двата основи да затаи данок во вкупен износ од 75.126.796 денари.

 

27.11.2013 - 13:47
Фото: 
скопјеинфо.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега