Џафери и Котески се вклучија во акцијата „Ден на дрвото“

 

Министерот Талат Џафери и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котевски денеска заедно засадија дрвца во кругот на Министерството за одбрана.

- Ние како Министерство за одбрана покрај уставната обврска, земаме учество и придонес за заштита на природата. Во тој контекст денешниот ден го одбележуваме со симболично засадување дрвца, изјави Џафери.

Весна Зарезанкова, член на Здружението на граѓани „Ден на дрво-засади ја својата иднина“ изрази благодарност за тоа што Министерството за одбрана и АРМ од самиот почеток е вклучено во реализација на акцијата.

- Маслиновото гранче е симбол на мирот во светот, а дрвата што се засадуваат во Македонија се симбол на мирот како во земјава, така и во светот, рече Зарезанкова.

Таа потенцира дека со 61 процент успешност на засадените дрвца минатоодишната акција се оценува за успешна.

27.11.2013 - 11:33
Фото: 
Новамакедонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега