Утре железничкиот сообраќај ќе се одвива нормално

 

По најавата за штрајк од страна на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија МЖ Транспорт а.д. Скопје  попладнево соопшти дека утре железничкиот сообраќај ќе се одвива нормално.

- Како компанија сакаме да ги известиме корисниците на нашите услуги дека сообраќајот ќе се одвива нормално и затоа ги преземавме сите потребни мерки со напомена дека претходната информација е од дел од машинскиот персонал кој не е репрезентативен и не може да одлучува во име на сите 1.270 вработени во нашата компанија, се вели во соопштението од прес-центарот на МЖ Транспорт а.д. Скопје.

Претходно Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) преку известување информираа дека утре во седум часот  ќе стапи во штрајк и оти одлуката за тоа е донесена на денешниот собир.

Според НСММ, во тек на штрајкот согласно Законот за железнички систем, ќе сообраќаат меѓународните експресни возови, како и  по еден воз  на сите домашни релации. Патниците ќе добијат услуга само на возовите Скопје-Велес со број 2085/2082, Скопје - Битола  641/642,643/644, Скопје - Гевгелија 611/632,613/634, Скопје - Кочани  651/650, Скопје - Кичево 662/661 и Скопје-Табановци  возот со број 600/613, тврди НСММ, од каде за утре напладне најавија прес-конференција.

26.11.2013 - 16:01
Фото: 
региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега