Бидете внимателни: Можни се подмрзнувања на патиштата

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во замјава  се одвива претежно по влажни коловози, а слаби врнежи од снег има во западниот и југозападниот дел, додека во Тетово со среден интензитет.

Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојничавите места, поради што треба да бидете особено внимателни.

Во клисурите можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.

 

26.11.2013 - 14:21
Фото: 
новини.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега