Бошко Ѓуровски - нов селектор на македонската фудбалска репрезентација

 

Поранешниот репрезентативец Бошко Ѓуровски е  новиот селектор на фудбалсата федерација на Македонија. ФФМ со Ѓуровски потпиша двегодишен договор со можност за продолжување за уште две години, кој ќе важи од први јануари наредната година.

- Одлуката за избор на новиот селектор беше донесена според предходно дефинираните критериуми на Фудбалската федерација на Македонија. Тренерското искуство, остварените тренерски резултати, имиџот во јавноста, карактерот, подготвеноста да има директен увид во случувањата во македонскиот фудбал и едукацијата на тренерите, како и покажаната желба за извршување на функцијата, пресудија изборот да биде на нашиот Бошко Ѓуровски, соопштуваат од ФФМ.

Во „Куќата на фудбалот“ веруваат дека квалитетите и способностите на новиот селектор ќе го подигнат стандардот на репрезентацијата.

- Сметаме дека ќе биде селектор, кој со својот стручен тим максимално сериозно ќе му пристапува на секој натпревар, ќе создаде компактен тим, каде поединците ќе бидат во функција на колективот и ќе имаме успех. Федерацијата со сите свои капацитети ќе го поддржи во неговата работа, ќе му обезбеди слобода и идеални услови за работа, а се со цел, успех во следниот квалификациски циклус. Веруваме дека имаме иднина, дека овој наш реномиран фудбалски работник, ќе создаде синергија, напорно ќе работи со младите таленти, ќе придонесе да се развиваат како фудбалски така и со карактерни особини, кои треба да ги има еден репрезентативен фудбалер, велат во ФФМ.

26.11.2013 - 14:11
Фото: 
Новамакедонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега