Скопје: Си го заврзал дедото за стол и го ограбил со другарите

 

Полицијата интензивно трагаше по насилниците кои пред неколку денови нападнаа 73-годишен старец од Радишани. Според информациите од полицијата, кривична пријава си заработиле 22-годишниот В.Ќ. 16-годишниот М.Л. и 29-годишниот А.Д. кои го заврзале и ограбиле скопјанецот.

Имено, пријавените пред неколку денови влегле во куќата на 73-годишниот С.Ќ. на улицата Радишанска преку прозорец и дошле до просторијата каде тој ручал. Насилниците го врзале скопјанецот за столица, му ја залепиле устата со селотејп и од џебот му го извадиле паричникот во кој имало  околу 16.000 денари, по што избегале, а тој за среќа успеал да дојде до соседите и да повика итна помош и полиција.

Полицијата открила дека еден од насилниците кои го ограбиле старецот е негов внук.

 

26.11.2013 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега