Младо момче со своето Пежо прегази пешак - детали за несреќата во Охрид

 

Во текот на вчерашниот ден се случи страотна сообраќајка во Охрид, кога возач со својот автомобил марка Пежо прегази пешак, кој за жал во болницата им подлегна на сериозните повреди.

Се работи за 61-годишниот Цветко С. од Охрид кој почина откако 24-годишниот В.Н. од Охрид го прегазил со својот автомобил. Цветко С. итно бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде по кратко време им подлегнал на повредите, соопштуваат од охридската полиција.

Инаку, до несреќата дошло кога охриѓанецот ја преминувал улицата на необележан пешачки премин.

26.11.2013 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега