Средба Јанкулоска-Фарина: Одлична соработката меѓу македонската полиција и силите на КФОР во Косово

 

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска оствари средба со командантот на силите на КФОР во Косово, генерал мајорот Салваторе Фарина.

На средбата која се одржа во македонското МВР, Јанкулоска и Фарина разговараа околу повеќе теми од заеднички интерес. 

-Министерката потенцираше дека за Владата на РМ зачленувањето на Македонија во НАТО Алијансата и натаму останува еден од врвните национални приоритети и без оглед на непринципиелните пречки на патот на нашето полноправно интегрирање во алијансата Република Македонија продолжува со зацртаните реформи во таа насока истовремено давајќи свој максимален доприност во активностите на НАТО, вклучително и на силите на КФОР во Косово, се вели во соопштението на МВР.

Генералот се заблагодарил за досегашната поддршка од Македонија за време на денешната средба.

25.11.2013 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега