Летале камења на сите страни - насилници од Скопје повредиле момче од Пробиштип
Околу три часот по полноќ на улицата „Војвода Васил Аџиларски“ во Скопје, неколку лица почнале да фрлаат со камења по група граѓани.
При инцидентот со повреда во главата се здобил 19-годишниот К.П. од Пробиштип на кој му е укажана лекарска помош во “Св. Наум Охридски”. Во физичкиот напад со телесни повреди се здобиле уште три лица.
Полицијата открила дека инциденто го предизвикале Х.М.(15), З.Ј.(26), Б.С.(28) и Љ.П.(27) сите од Скопје кои ќе си заработат соодветна кривична пријава.
25.11.2013 - 12:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа