Со 1,45 милијарди денари Владата ќе поддржи 134 проекти за рурален развој

 

Македонската Влада ќе поддржи вкупно 134 проекти во 72 општини преку Програмата за рурален развој. За ова информираше владиниот потпарол, Александар Ѓорѓиев.

- Сите 72 општини што аплицираа, независно од политичката припадност на градоначалникот или етничката структура на населението, добија поддршка за еден, а некои и за два проекта. Со ова Владата уште еднаш потврди дека спроведува политика на отворени врати, изјави денеска портпаролот Александар Ѓорѓиев.

Проектите се однесуваат на подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, на обнова и развој на селата, како и за зачувување на традиционалните вредности.

Инаку, за оваа намена се предвидени 1,45 милијарди денари.

25.11.2013 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега