Металург: Ние владееме со Скопје!

 

Металург го доби вториот натпревар против екипата на Вардар. Ви го пренесуваме текстот кој Металург го нашиша на официјалната страница.

Во натпревар, со значење поголемо и од бодовите во Лигата на шампионите, со заложено достоинство и инает на голем клуб, Металург врати за се што доживеа во последните десетина дена. Не отпишуваа, безмалку не распаѓаа, не потценуваа… На сите им вративме со величенствена победа, која им ја посветуваме на нашите фанови, на тие што докрај останаа со нас. Е па, радувајте се симпатизери на Металург – ние владееме со Скопје. Ја загубивме битката, но ја добивме војната.

Одигравме неспоредливо подобро него минатиот пат и, по подолго време, потсетивме на своите најдобри денови. Радува што токму Мојсовски и Вугринец беа на потребната висина и се рехабилитираа за своите слаби изданија од 14 ноември. Сепак, човек на средбата е магичниот Раде Мијатовиќ, кој речиси сам го урниса забрефтаниот Вардар. Седум едноподруго скротени противнички напади на Вардар и два примени гола за 17 минути во второто полувреме – се резултати кои би биле депримирачки и за многу поголеми екипи од Вардар. Раде во прав момент го замени повторно индиспонираниот Станиќ и на екипата и даде сигурност, која до тој момент и недостигаше. На крилата на неговите магични одбрани се разиграа и нашите напаѓачи, кои буквално го изрешетаа најпрво Милиќ, а потоа и Ангелов. Секоја чест и на нашите одбрамбени ракометари, кои одиграа според стандардите што претходно сами ги поставија.

Превземено од: rkmetalurg.mk

25.11.2013 - 11:07
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега