Груевски во работна посета на Романија

 

Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, а во чиј состав се и министерот за надворешни работи Никола Попоскии министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески,  денеска и утре ќе оствари работна посета на Букурешт, Република Романија.

Денeска Груевски ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Романија, Виктор Понта. Премиерот Никола Груевски ќе оствари и одвоени средби со повеќе стопанственици од сферата на автомобилската индустрија, градежништвото и туризмот, како и средба со повеќе претставници на македонските иселеници во Република Романија.

Во рамките на вториот ден од престојот, премиерот ќе присуствува на отворање на Самитот на шефовите на влади на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа каде ќе има и свое обраќање пред присутните.

На маргините од Самитот, премиерот Никола Груевски ќе оствари билатерални средби со претседателите на влади на повеќе земји учеснички на Самитот.

Премиерот Груевски ќе се сретне и со претседателот на Домот на пратениците на Романија, Валериј Згона.

Инаку,Република Романија е овогодинешниот домаќин на Самитот на шефовите на влади на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа каде е најавено присуството на премиери и високи политички претставници на 17 држави, меѓу кои и премиерот на Народна Република Кина, Ли Кеќианг, премиерот на Република Естонија, Андрус Ансип, премиерот на Република Полска, Доналд Туск, премиерот на Република Литванија, Алгирдас Буткевичиус, премиерот на Република Хрватска, Зоран Миловановиќ и други. На самитот ќе се разгледуваат можностите за засилена економска соработка и отворањето на нови пазари преку засилена инвестициска активност на државите од Централна и Источна Европа преку средствата кои ги нуди на располагање кинеската држава.

 

25.11.2013 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега