Му носела дрога на мажот и во затвор - МВР поднесе кривични за еден куп криминалци

 

Шест лица си заработија кривични пријави поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, за “овозможување на уживање наркотични дроги“, како и против едно лице за “недозволено изработување , држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Кривична пријава си заработи 18 годишниот стружанец Е.Б. кој во мај годинава, за време на забава посветена на Боб Марли во Градски Парк во Скопје, од непознато лице купил една најлон кесичка со 18,94 грама марихуана за цена од 1.500 денари.

37 годишната скопјанка М.М. во март годинава отишла да го посети својот сопруг во скопскиот затвор и се обидела да му предаде 3,5 грама марихуана.

Кривични пријави си заработија и двајца млади скопјани и еден кочанчанец, откако на почетокот на јули годинава, полицијата открила дека продаваат марихуана.

24 годишниот стружанец Д.М., пак, ќе одговара за “овозможување на уживање наркотични дроги“, откако полицијата го “фатила на дело“, додека од марихуана која тој ја набавил, им давал на три други лица.

33 годишниот скопјанец А.З. си заработи кривична пријава за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, бидејќи во септември годинава во неговиот дом бил пронајден еден  пиштол марка „ Walther P38«   кал. 9 мм и 31 куршум кал. 9 мм..

-Посебниот извештај поднесен до ОЈО Скопје се однесува на Р.Ј.(20) и И.Ј.(50) од село Арачиново во чии што дом при претресот во февруари годинава биле пронајдени 20 пакувања со 9.865 грама мешавина од парацетамол и кофеин, која на илегалниот пазар се користи како додаток на наркотичните дроги за зголемување на нивната маса, потоа дигитална вага и торба со траги од наркотична дрога хероин, стои во соопштението од полицијата.

24.11.2013 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега