Арсовска Томовска утре во Белград
Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска утре работно ќе го посети Белград, каде на покана на Владата на Република Србија и Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), ќе се обрати на Регионалниот форум за развој, како претставник на македонската Влада.
Форумот му претходи на Регионалниот европски подготвителен состанок за Светската конференција за развој на телекомуникациите, која ќе се одржи следната 2014 година.
Двата настани се организирани од српската Влада и Меѓународната телекомуникациска унија.
24.11.2013 - 11:40
Фото:
telefoni.com.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа