Ајде да му помогнеме на малиот Стојанче

 

11 годишниот Стојанче Димовски сеуште не успеа да ги собере потребните 15 илјади долари за операцијата од церебрална парализа во Кина. Операцијата е закажана за десетина дена, а неговите родители мораа да подигнат и кредит. Во меѓувреме, не сопира надежта на храброто дете дека еден ден ќе застане на цврсти нозе и ќе може да заигра фудбал со другарите.

На неколку дена пред поаѓањето на Стојанче во Кина, неколку граѓански здруженија повторно иницираат хуманитарни забави со цел да се соберат што повеќе пари.

-Во Македонија има стотици деца болни од церебрална парализа кои токму поради тоа што не можеа да ја соберат потребната сума пари ја пропуштија можноста да се лекуваат и да проодат. Тоа не треба да дозволиме да се повтори и државата мора нешто да стори, велат од Здружението на лица болни од церебрална парализа.

Без разлика што Стојанче на 3. декември ќе биде на лекување во Кина од ова здружение најавија дека на денот на лицата со хендикеп ќе организираат хуманитарна манифестација со цел да соберат средства за лекувањето. Упатија апел до бизнис заедницата и сите хумани луѓе да му помогнат на младиот Стојанче.

Еве ги жиро сметките и телефонските броеви на кои можете да донирате.

ВИП – 077/ 143 705
Т-МОБИЛЕ 070/143 105

Трансакциски сметки во СТОПАНСКА БАНКА на име Димовски Стојан
Денарска – 200002631002093
Девизна – 0026311459

24.11.2013 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега