Дебата во МКЦ: Вистините и заблудите за ХИВ

 

Дебата насловена „Позитивни разговори“ ќе се одржи денеска во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден против СИДА – 1 декември. Дебатата ја организираше Заедно посилни – групата за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија, во соработка со јавни личности.

Целта на настанот што ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје, е да информира, едуцира и да поттикне поголема дискусија во јавноста, особено меѓу младите, за вистините и заблудите околу ХИВ–инфекцијата.

На дебатата ќе се зборува за животот на луѓето со ХИВ, за предрасудите, дискриминацијата и тешкотиите со кои тие се соочуваат во секојдневниот живот, за пристапот до современ третман со лекови и околу тоа како сите овие проблеми и предизвици да се надминат.

24.11.2013 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега