Внимавајте на кого отворате врата - разбојник напаѓа низ Скопје лажејќи дека е пријател

 

Скопјанка остана без 5.000 денари откако натрапник успеал да ја прелаже и нападне.

Според информациите од полицијата, засега непознат натрапник дошол пред вратата на скопјанката Б.Р., се претставил како пријател на нејзиниот сопруг и побарал пари кои наводно тој ги потрошил носејќи го нејзиниот “повреден“ сопруг во болница. Б.Р. се посомневала во приказната на натрапникот, се повлекла во ходникот од станот, но напаѓачот не губел време и ја нападнал заканувајќи и се со нож и удирајќи ја со тупаници.

Натрапникот ги украл парите и избегал, а жената поминала со лесни повреди. 

Полицијата трага по разбојникот.

 

23.11.2013 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега