Директор на „Македонски железници“ тешко повреден во сообраќајка во Албанија
Директорот на Македонски железници - Инфраструктура, Ирфан Асани е повредениот во тешката сообраќајна несреќа која се случи во неделата во Албанија, пишува „Слободен печат“.
Страотната сообраќајка се случила на пат кој води кон Тирана, кога од засега непознати причини, службеното возило во кое се превезувал Асани се судрило со друго возило и излетало од патот. Еден час потоа, тешко повредениот Асани со изнајмен хеликоптер бил пренесен во Скопје, каде поради сериозните повреди бил пренесен на КАРИЛ.
23.11.2013 - 10:03
Фото:
mzi.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа