Македонската Комора на проценувачи стана дел од Европската асоцијација под уставно име!

 

Комората на проценувачи на Република Македонија стана членка на оваа Европска група на Асоцијации на проценувачи и тоа под уставното име!

Комората на проценувачи е обврзана да ги имплементира меѓународните стандарди за процена во Република Македонија, а самите проценувачи ќе можат да добијат РЕВ сертификат, „Признат европски проценувач“. 

ТЕГоВА е Европска група на асоцијации на проценувачи, европска непрофитна асоцијација составена од 57 асоцијации на проценувачи од 31 земји која застапува 70.000 проценувачи од Европа.

22.11.2013 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега