На пролет децата без родители ќе се вселат во становите
Децата без родители на пролет ќе се вселат во становите кои се дел од проектот на Владата за помош на децата кои до својата 18-та година поголем дел од животот го поминале во Дом за деца без родителска грижа.
- Идејата е да се помогне на оние деца кои до својата 18 година поголем дел од својот живот го поминале во дома за деца без родителска грижа. Обрнувамне големо внимание на оваа категорија наши граѓани, со кои очигледно судбината се поиграла, имале тежок живот без родители и живееле во дом, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања, по пуштање во употреба спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во населбата Горно Лисиче.
Владата, потсети, во минатото имаше повеќе вакви акции, а во една подели 102 стана во општина Ѓорче Петров.
- Донесен е закон со кој секоја година ќе има задолжителна квота вработувањ. Оваа година се вработени 83 лица, а минатата година исто така беа вработени голем број. Сега се останати помал број наши граѓани кои во минатото биле штитеници на детските домови кои веројатно следната година ќе ги комплетираме и практично потоа ќе тргнеме тековно, година за година како што ќе излегуваат од домот така да бидат вработувани во државните институции, истакна Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа