Адеми во работна посета на Варшава

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, денеска ќе присуствува на 19-от состанок на страните на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени што од 19 до 22 ноември се одржува во  Варшава, Полска.

На овој состоанок ќе учествуваат министри и други високи претставници надлежни за животната средина од земјите во светот, учествуваат на министерски дијалози од областа на засилените акции за намалување на климатските промени и на нивното финансирање. На овој начин, велат, претставниците на високиот сегмент од државите ќе разменат предлози околу  содржината на идниот т.н Договор 2015, кој ќе треба да се усвои во Париз 2015 година. 

Она што е јасно и што е рамка на овие прегови, се додава, е обврските за ублажување на последиците од климатските промени кои ќе ги предложат страните за да бидат вклучени во Договорот 2015 да бидат транспарентни, мерливи, споредливи, проверливи и амбициозни, што значи дека главна задача е да се дефинираат обврски кои ќе бидат јасни по природа.

- Договорот 2015 мора да биде амбициозен, правно да обврзува, да е мултилатерален, да се заснова на правилата за глобално учество и на информации од науката. Од друга страна треба и мора целосно да ги почитува принципите на Конвенцијата. Иако сите Страни треба да преземат амбициозни обврски за ублажување на последиците од климатските промени, тие ќе треба да се разликуваат според принципите на Конвенцијата.  Овие принципи мора да се применуваат на динамичен начин, така што сите Страни со време ќе учествуваат, во согласност со нивните растечки одговорности и способности, се наведува во соопштението. 

Се очекува до крајот на седмицата да се усвојат повеќе одлуки од областите за управувањето со финансирањето на меѓународните активности за борба со климатските промени, трансферот на технологии и дефорестрацијата.

21.11.2013 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега