СДСМ: Скандалозно признание на Трајанов за притисок од премиерот Груевски
Очигледно инцијативата на Павле Трајанов за измени на Законот за заштита на сведоци беше лицемерен обид на Груевски да се извлече, по силните осуди од домашната јавност и странскиот фактор, за драконската пресуда на Кежаровски.
Објаснувањето на Трајанов дека ги повлекува измените по барање на ВМРО-ДПМНЕ е скандалозно признание за класичен притисок од институцијата Премиер врз институцијата Пратеник.
Наивно е да се мисли дека некој ќе поверува оти Трајанов, кој е коалициски партнер на Груевски, не знаел дека му треба поддршката на ВМРО-ДПМНЕ кога наводно самоиницијативно ги предложи предлог измените на законот.
На крајот, навистина е жално да се гледа како еден пратеник, кој треба да ги штити пред се интересите на граѓаните, дозволува од себе да биде сателит преку којшто Никола Груевски манипулира со јавноста.
(Интегрален текст од изјава на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа