Намален бројот на живородени дечиња

 

Во третиот квартал годинава во Македонија се евидентирани 6.285 живородени деца. Оваа бројка е за 3,2 отсто помала во однос на истиот период минатата година.

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во третиот кваратал од 2013 година бележи зголемување од 0,1 отсто и изнесува 4.599, а од нив 52 се доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1.686 лица, односно за толку е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во трeтото тримесечје од годинава се склучени 4.358 бракови, што е за 3,3 отсто помалку од истиот период во 2012 година.

Помал е бројот и на разведените бракови и нивниот број изнесува 319.

21.11.2013 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега