Тетово: Заборавиле да ја заклучат вратата од дома - за пет дена осиромашиле 10.000 евра
Невнимателни тетовчани останаа без своето богатство, откако заминале на пат без да ја заклучат вратата од нивната куќа.
Како што информираат од МВР, 32 годишниот тетовчанец Ш.Ш. и неговото семејство биле на пат од 15-ти до 19-ти овој месец, но пред да заминат заборавиле да ја заклучат влезната врата. Непознат сторител ја искористил невнимателноста на семејството, си влегол во куќата, ја пребарал спалната соба и украл големо количество на разновиден златен накит.
Според полицијата, украдениот накит бил вреден 10.000 евра. Се трага по арамијата.
21.11.2013 - 10:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа