Наскоро барел нафта може да чини - 200 долари
САД воведе забрана за увоз на руска нафта, деривати, јаглен и природен гас, а нивниот чекор полека решава да го следат и Велика Британија и Канада, цената на барел нафта скокна и сега се чека енергетски одговор од Москва, која најави дека може да воведе санкции ако продолжи кризата во Украина.
Аналитичарите на „Financial Times“ сметаат дека Европската унија засега нема да ги следи Американците со тие забрани затоа што зависат од руските енергенси.
Со други зборови, американските потези не се дел од воведување на целосно ембарго на Русија, како што беше случај со Иран во 2018 година, па Москва така и понатаму може да врши извоз на нафта на други пазари.
Русија е трет најголем извозник на нафта во светот, а нејзино целосно исчезнување од маркетот не би можел да се надомести во краток период.
Иако Русија сè уште може да извезува на други пазари, сепак аналитичарите посочуваат дека купувачите се во еден вид на штрајк и не сакаат да преземаат ризик со руските испораки на нафта.
Еден од примерите е „Шел“, кој минатата недела реши да купи уралска нафта, по што претрпе големи критики од јавноста за нивниот потег.
Доколку продолжи ваквиот тренд на „самосанкционирање“, тогаш тоа би можело да има домино-ефект врз руските рафинерии и да ги присили произведувачите на нафта да го забават производството, а со тоа цената би можела да достигне дури 200 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа