АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ: FBI вмешан во голем скандал со фалсификувани документи во Македонија
Голема полициска акција во моментов се одвива во Македонија и Германија, дознава Пресс24 од извори во истрагата. Според нашите информации станува збор за разбивање на таканаречена „Хамбург мафија“ која се занимавала со изработка на секаков вид лажни документи: лични карти, патни исправи, возачки дозволи.
Во акцијата клучна улога имала компанија од Скопје која го носела името FBI, друштво регистрирано за трговија и туризам основано главно од лица кои живеат во скопско Арачиново.
Заедно со своите соработници во Германија тие најчесто изработувале лажни документи од земјите на Европската Унија, најчесто Бугарија, Грција и Италија.
Дел од уапсените се приведени во Скопје а дел во Хамбург.
Од полицијата не соопштуваат официјални детали но најавуваат повеќе информации за подоцна во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа