Со просечна плата во Македонија се купуваат 342 литри дизел - во Србија 409 литри
Со просечната плата во Македонија можете да купите најмала количина на гориво меѓу земјите од регионот.
Кога станува збор за дизел гориво, со една просечна плата во Македонија може да се купат само 342 литри.
Најблиску до нас е соседна Србија каде се купуваат 409 литри. Во Бугарија со просечната плата можете да купите 459 литри дизел. Најдобро стојат Грција и Хрватска. Таму иако има најскапо гориво, сепак, просечната плата е највисока.
Па така со просечна плата во Грција се купуваат 655 литри гориво, а во Хрватска литар повеќе односно 656 литри дизел.
08.03.2022 - 11:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа