Хојсген: Спорот за името меѓу приоритетите на Меркел
Најблискиот соработник на канцеларката за надворешна политика Ангела Меркел, вели дека спорот за името е високо на агендата, но, дека позициите на Самарас и Груевски не ги прават работите поедноставни, објавува Дојче Веле.
-Во суштина Македонија, односно прашањето за името во последниве 20 години е отворена рана. Во позадина и канцеларката прави обиди ова прашање да се реши. Во суштина не станува збор само за името, туку за стабилноста на земјата и на регионот. Можете да бидете сигурни дека оваа тема е високо на нашиот дневен ред иако можеби не се забележува. Во една пауза на коалиционите преговори канцеларката се сретна и со медијаторот Нимиц, посредникот на он во спорот со името. Тоа би требало да биде сигнал до земјите дека оваа тема ја имаме високо на агендата, вели Кристоф Хојсген, раководител на одделот за надворешна, безбедносна и развојна политика во германската влада, пред средбата Меркел - Самарас.
Хојсген вели дека Меркел веќе разговарала со Самарас околу спорот за името, но, тој „ нормално кажал дека поради економската ситуација во земјата, не можел да направи компромис во партијата и во парламентот “, пренесува Дојче Веле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа