Цената на нафтата на рекордно ниво од април 2012
Дизелот од полноќ ќе се точи за цена од 75,5 денари, одлучи Регулаторната комиисија за енергетика. Со ова цената на нафтата практично се искачи на рекордното ниво од април 2012 година кога се точеше исто така за 7,5 денари.
Опозициските пратеници бараат акцизата за нафтата да се намали за 50 отсто.
„Со првиот предлог закон бараме намалување на акцизата за горивата на моторните возила за 50% со што значително ќе се намали финансискиот товар врз граѓаните и транспортните компании. Со ова цената на бензинот веднаш ќе се намали на 13 денари, а цената на дизел горивото за 9,5 денари“, изјави Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа