Груевски: Со „Домашна визита“ до поголема нега и грижа за старите и изнемоштени лица

 

Премиерот Никола Груевски денеска по промоцијата во читалната 1000 Книги во Градскиот Трговски Центар, истакна дека проектот на Министерството за здравство, „Домашна визита“ ќе им помогне на старите, болни и изнемоштени лица.

- Според плановите на Министерството за здравство и Владата, проектот треба да опфати над 9.000 лица. Проектот е замислен на оние што се хронично болни, изнемоштени и постари лица да имаат домашни визити, каде ќе им бидат извршени различни проверки, на различни детали од здравствената состојба, со цел тие да немора да одат во болница. Тие се водат во евиденцијата на „Мој термин“ како хронично болни и како многу изнемоштени лица и одењето во болница им е многу тешко, рече Груевски.

Доколку резултатите не се покажат како позитивни, Груевски најави дека проектот ќе премине во трајна грижа за ова категорија граѓани.

20.11.2013 - 14:49
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега