Ѓоковиќ ја „соголи“ душата за „BBC“: „Колегите многу ме повредија
Интервјуто на најдобриот тенисер на светот кое го даде за „BBC“, привлече големо внимание во јавноста.
Ѓоковиќ даваше искрени одговори на прашањата од новинарот, а едно од нив беше поврзано за поддршката на колегите од „белиот спорт“.
„Колегите... Тоа многу ме повреди, ја почувствував таа енергија, погледите од моите колеги, луѓето кои се наоѓаа во зградата. Разбрав дека имаат перцепција врз основа на тоа што ќе го дознаат од медиумите и јас не излегов јавно затоа што реков и претходно, дека ја почитувам правната постапка и Австралија опен“, објасни Ѓоковиќ.
„Дефинитивно не беше пријатно. Не сакам да седам тука и да се жалам на условите во тој центар затоа што останав седум дена таму. Се чувствувам беспомошно, не можев да го користам телефонот три или четири часа. Беше тоа среде ноќ, од еден наутро до девет наутро, не спиев затоа што ме испрашуваа на секои 30 минути.
Имаше многу, многу интервјуа кои започнуваа, а потоа беа стопирани за некоја личност да разговара со надредените. Траеше цела ноќ. Прво тоа беше одобрено, па повлечено, па потоа повторно визата беше повлечена, па четвртиот ден бев слободен и тренирав. Не беа тоа нормални денови за тренинг кои вообичаено ги имав пред гренд слем натпреварување, хеликоптер леташе над „Род Лајвер“ арената во текот на секој тренинг. Камерите беа насекаде“, раскажал Ѓоковиќ.
Да, ве потсетиме, Новак за „BBC“ изјави дека не е антиваксер, попрво но дека би ја пропуштил можноста да ги освои трофеите отколку да биде принуден да прими вакцина против коронавирусот.
Францускиот тенисер Пјер-Иго Ербер е првиот тенисер кој јавно кажа дека го поддржува ставот на Новак дека е подготвен да ги жртвува трофеите поради вакцините.
„Слободата е помоќна од тенисот и од сè останато. Многу се пронајдов во интервјуто кое го даваше Новак. Голема почит за неговиот став“, изјавил Ербер за „L'Ekip“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа