Судењето за масакрот кај Смилковци во декември почнува од почеток

 
 
Судскиот процес за "Монструм" од втори декември ќе почне од почеток.
 
Како што пренесува Академик, на обвинителната клупа покрај досегашните обвинети ќе им се приклучи и Сами Љута кој беше уапсен на граничниот премин Блаце во август годинава.
 
Ова е второ враќање на судскиот процес за масакрот кај Смилковското езеро од почетокот откако во октомври судењето беше повторено поради промена на поротникот кој бил во роднинска врска со новоименуваниот бранител на дел обвинетите, адвокатот Ѓорги Настевски.
Инаку, Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Aзири се шестмината обвинети за тероризам поради петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи на 12 април 2012 година.
 
 
20.11.2013 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега