Речиси 7.000 компании ставиле клуч на вратата лани

 

Речиси 7.000 компании ставиле клуч на врата минатата година, или скоро 700 повеќе во однос на 2020-та, објави Сител.

Податоците од Централниот Регистар покажуваат  дека корона пандемијата најмногу ги погодила угостителските објекти и трговците на големо и мало. Се затвориле вкупно 343 ресторани и објекти за послужување храна, како и 181 субјект за послужување пијалоци, 282 неспецијализирани продавници за продажба на храна, пијалоци и тутун, 130 од друга трговија на мало, специјализирани продавници за зеленчук, мебел, градежни материјали, за производоство и продажба на месо,  трговија на мало со облека, обувки, играчки,  аптеки и слично. 

Кризата не поштеди ниту еден бизнис. За една година клуч на врата ставиле и 15 фабрики за произивдоство на текстил, облека и обувки.

Целиот прилог погледнете го ТУКА.

02.02.2022 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега