Апсење: Полицијата ги пронајде насилниците од инцидентите во автобусите на ЈСП
Учениците кои минатата недела настрадаа во 7ца и 33ка, биле претепани од нивни врсници. Вкупно 13 малолетници ги предизвикале двата инциденти. Откако очевидци ги препознале напаѓачите, МВР ги приведе . Двајца од нив учествувале во двете тепачки .
Инцидентот во 65ка кај скопско Стајковци , во кој настрадаа шест деца, се уште не е расчистен. Полицијата ги бара напаѓачите.
За само 9 месеци имало 109 инциденти и во нив учествувале 150 малолетници. За да се спречи оваа појава, МВР , почна соработка со невладиниот сектор. Во секое училиште ќе биде назначен инспектор за превенција. Но, надлежните апелираат, прво родителите да ги превоспитаат нивните деца и да им посветат доволно внимание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа