Бесими на конференција “Европските проекти – словенското искуство”

 

Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, д-р Фатмир Бесими денеска оддржа говор на конференцијата “Европските Проекти – Словенското искуство”.

На конференцијата се разговарало за Програмата на ЕУ “Хоризонт 2020”, која претставува финансиски инструмент на ЕУ со кој се подржува истражувањето и иновациите со крајна цел за економски раст, креирање на нови работни места и конкурентност на Европа. Оваа програма располага со буџет од над 70 милијарди евра и ќе трае од 2014-2020 а нејзината прва рунда за апликации ќе се објави на 11 Декември оваа година.

Проектите и искуството што го имаме покажува дека е тешко да се креират партнерства, но тие носаат соработка и придобивки за постоечки проекти. Овие партнерства ја помагаат земјата со додавање на повеќе субјекти на подржувачи на Македонија во Брисел и во главните градови членки на ЕУ и токму оваа го нуди Хоризонт 2020” изјави вицепремиерот Бесими во своето излагање на конференцијата на која учесници беа градоначалници на повеќе општини на Република Македонија како и претставници на бизнис секторот на Македонија.

19.11.2013 - 15:38
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега