Шаклев: Земјоделците да не се користат за политички цели!

 

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев денеска изјави дека непристојно е да се обвинуваат земјоделците за работи кои тие не ги сториле и апелираше колку е можно земјоделците и земјоделските здруженија да не се користат во политички цели. Според него, наклонетоста на земјоделците се добива со извршување правилна земјоделска политика, која ќе придонесе за развој на земјоделството.

- По овој настан кај земјоделците се појави една неизвесност и страв како производители што понатаму, бидејќи знаеме дека тоа доведе до нарушување на пазарните односи, што значи на некој начин намалување на извозот на нашите земјоделски производи, како и зголемување на контролата од страна на увозниците на нашите производи што го отежнува пласманот на нашиот пазар, рече Шаклев.

Тој додаде дека земјоделците доживеаја големи загуби, како на странскиот, така и на домашниот пазар.

- Ние пред некој ден организиравме прес-конференција во Скопје на која го повикавме господинот Ѓорѓи Самандов, кој е косопственик на оражериите во Штип, Виница и Дојран. Наше мислење е дека моментално нема покомпететна личност од него во Македонија за да каже што се случува во оранжериското производство. Другата личност беше господинот Стојменов од Струмица кој е член на Здружението, односно на Сојузот на земјоделците и има најмногу контакти со самите земјоделци производители. Меѓутоа по прес-конференцијата бев изненаден од изјавата на господинот Заев. Имаше некои закани за Самандов и Стојменов, како и против здруженијата, истакна Шаклев денеска во Штип.

 

19.11.2013 - 14:08
Фото: 
макденес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега