Сонцето од Кутлеш денеска пред пратениците

 

Пратениците и денеска со полни раце работа. Во Собранието седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт, и за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика е Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Република Косово, Илија Страшевски, додека Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа по предлог законите за изменување и дополнување на законите за гласиштата и за земјоделското земјиште. Ќе се расправа и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија,  и со Предлог-законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по предлог-законите за медијација во второ читање, за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка во прво читање, за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, поднесен од пратеникот Ивон Величковски во прво читање и за амнестија во прво читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортот во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Утврдување Предлог одлуки за избор на претседател на Државната изборна комисија, за именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки, за избор на членови на Комисијата за електронски комуникации, за избор на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво, за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“

19.11.2013 - 09:46
Фото: 
Коолтура

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега