Нови цени на горивата од полноќ
Денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ќе заседава и ќе донесе одлука за зголемување или намалување на цените на горивата по полноќ.
Моментално, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 64,50 ден/лит
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,053 ден/кг.
Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со законот за акцизи.
Дали ќе има покачување или дополнително поевтинување на горивата, останува да видиме од одлуката на Регулаторната комисија која ќе ја донесе утрово, по што дополнително ќе информираме за новите цени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа