Земјоделците на нозе против Заев
Асоцијацијата на земјоделци на Република Македонија реагира на изјавата на градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој се заканби со тужби за случајот со извозот на корнишони со вишок пестициди.
Како Асоцијација на земјоделци на Република Македонија кои парите за егзистенција ги обезбедуваат исклучиво со својата мака и пот, остро реагираме на изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев кој се закани со тужба за клевета врз земјоделците само затоа што се пожали дека се руши кредибилитетот на нас земјоделците со извозот на затруени краставици. Господинот Зоран Заев треба да биде свесен дека вербалниот напад и заканата врз земјоделците преставува напад и непочитување врз сите земјоделци во Република Македонија, стои во реакцијата на земјоделците.
Од таму посочуваат дека „не е човечки со закани за тужби и судски рочишта да се замолчуваат земјоделците, особено што ние кои со чесна работа произведуваме храна и посветуваме огромно внимание на здравото и квалитетно производство кои се трудиме да го продадеме како бренд надвор од Македонија, наспроти оние кои набрзина па макар и со затруени краставици сакаат да заработат“.
-Ние земјоделците не можеме да бидеме виновни затоа што регираме да не ни се наштетува на нашиот увоз. Фрлањето со дрва и камења врз земјоделците не е аргумент и не го покрива фактот дека со продажбата на отровни краставици се нанесува штета врз нашиот извоз која е основна нашата егзистенција. И Зоран Заев и сите кои ќе пробаат да ги пoтценат земјоделците ќе се соочат со нашата солидарност и нашиот револт, велат земјоделците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа