Од идната година за сметка за струја планирајте од 300 до 500 денари плус секој месец
Владата уверува дека поскапувањето на електричната енергија нема да биде над 10%. Министерот Бектеши вели дека енергетските компании можат да бараат колку сакаат, но на крајот решава Регулаторната комисија за енергетика.
Финалната цена за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јануари до средина на следната година, кога треба и да се донесе нова одлука, нема да биде повеќе од 10%, како што покажуваат сите анализи, проекциите и од разни експерти и партии чии проекции изнесуваа над 30, 40 и 50%“, истакна Бектеши.„За првите шест месеци дадов изјава и стојам целосно зад таа изјава“, порача Бектеши.
Ако се исполнат предвидувањата на Бектеши, едно просечно семејство кое месечно троши 3.000 денари за струја, од идната година ќе има дополнителен трошок од 300 денари доколку цената се зголеми за 10%. Оние кои се греат на струја ќе имаат уште поголем проблем. Тие на сметка од 5.000 денари ќе треба да платат уште дополнителни 500 денари.
Ако цената се зголеми за 20%, на сметките од 3.000 денари поскапувањето ќе биде 600 денари а на оние од 5.000 денари дури 1.200 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа