Македонија бира „Најдобар млад научник“ за 2013

 

Ќе се избира  „Најдобар млад научник“ за 2013 година. На конкурсот што ќе биде отворен до 31 декември може да аплицираат сите млади луѓе до 30 години кои во досегашната научна работа имаат постигнати научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат.

Проектот „Најдобар млад научник“, е инициран од страна на претседателот Ѓорге Иванов, и има цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.

Апликацијата треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2013 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија. Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2013 година.

 

18.11.2013 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега